Безидејноста на СДСМ повторно излезе на површина. Во обид за дискретитација СДСМ пак ја активираше фабриката за фалс производи.Опозициските медиуми, исто како и во 2011 година, и сега се обидуваат посетата на премиерот Никола Груевски во САД да ја прикажат како негативна, односно дека претседателот на македонската влада е под притисок на меѓународниот фактор.
Ваквите фалс медиумски објави излезени од фабриката на СДСМ, ниту во 2011 кога користеа исти аршини како и денес, на опозициската партија по одржаните парламентрани избори не и донесоа победа. СДСМ остана во опозиција.
Посетата на премиерот Груевски во САД и најавената средба со потпретседателот Џо Бајден е своевиден демант на низата обвинувања периодов од СДСМ дека Владата била изолирана и дека Ангела Меркел, Бајден, Џон Кери, Владимир Путин ја заобиколувале Македонија, што според СДСМ, значело множење на меѓународните неуспеси.
На најавената средба се очекува темите на разговор со американскиот потпретседател Бајден да бидат активностите за продлабочување на меѓусебните односи и соработка, реформите во Македонија и демократските процеси, зголемувањето на економската соработка и трговските односи, безбедносни прашања и интеграцијата на Македонија во НАТО и во ЕУ.
Опозициските медиуми, исто како и во 2011 година, и сега се обидуваат посетата на премиерот Никола Груевски во САД да ја прикажат како негативна, о