Социјалната мрежа Facebook за помалку од еден месец исклучи 14.000 кориснички профили поради порнографија и сексуално вознемирување, од кои 33 случаи се однесувале на сексуално вознемирување деца.Facebook дозволува објавување на сексуални содржини како бакнување, фотографии со замаглени сексуални активности и фотографии со облека што алудира на секс, но сѐ додека тие содржини се разменуваат меѓу возрасни корисници.
Социјалната мрежа исто така дозволува и објавување на шеги со сексуална конотација.
Корисниците на кои им беа исклучени профилите објавувале експлицитни фотографии и видеоснимки што директно повикувале на секс, објави Guardian.
Некои од нив често вознемирувале деца така што им праќале голи фотографии и недолични пораки.
Facebook веќе подолго време е мета на критики дека ненавремено ги отстранува недоличните и вознемирувачки содржини.
Минатиот месец во Франција беа исклучени над 30.000 лажни профили што ширеле лажни информации.
Се проценува дека на Facebook има неколку стотици милиони лажни профили.Facebook дозволува објавување на сексуални содржини како бакнување, фотографии со замаглени сексуални активности и фотографии со облека што алудира