„Ниту е можно огнот да се прекрие со наметка, ниту срамната грешка со време“- древна поговорка, која стоеше во мојата детска соба додека растев.Деновиве кои траат предолго, кои немаат исто изгрејсонце или барем слично зајдисонце, деновиве кои траат бескрај го одбележуваат светот во едни до сега невидени „темни магли“ од fake news, што од страна на луѓето кои сè уште не ослепеле, се доживува како принудно слепило. За разлика од убавините на светот, слепилото е монотоно, црно бело, или зaстрашувачки црно и запретувачки бело, како човек да гледа во млеко или во заматено огледало. Тоа не значи ништо друго, освен дека слепилото е индуцирано злонамерно, синхроно и потпрено врз една иста матрица од Скопје до Вашингтон.На пример, завчера Сараевската Ал-Џезеира објави дека на денот на инаугурацијата на Доналд Трамп имало ненасилни демонстрации (кршењето на излози, автомобили и други јавни добра веќе не се смета за насилие?!?), на кои учествувале 500.000 луѓе. Споредете ја оваа хипербола пласирана во вид на факт со хиперболичните шеќер-заеви бројки на фантомските гласачи во Македонија. Ако не го препознавате и тука истиот злосторнички, дрзок, лажовен ракопис, не се секирајте, зошто се ближи денот кога ќе го препознаете, само што тогаш ќе биде доцна, зошто шербетот што тогаш ќе го испиете ќе ви се чини горчлив.
Светот започна масовно и масивно да се самосатанизира и веќе ги наштимува сопствените инструменти за музичка придружба на една, можеби валпургиска ноќ.Никој повеќе ниту денски се срами, ниту ноќе се плаши да направи нечувено отровни и одвратни нешта.
Пред некој ден, еден стаписан новинар му постави директ во очи, прашање на Шорош: „Вистина ли е господине Шорош дека штом започнал Холокаустот во Будимпешта, кога вие сте имале 16 или 17 години, вашиот татко, наспроти вашето потекло за коешто фашистите немаа пардон, ве вработи како контролор и евидентичар на имотите за конфискација на Евреите кои биле транспортирани за Аушвиц?!“Одговорот на Шорош гласеше: „Да, вистина е.“ „А како можевте да спиете потоа?“ – го праша новинарот.Шорош на тоа му одговори без око да му трепне: „Да, можев да спијам, зошто ако не бев јас на тоа место ќе беше некој друг.“Испаѓа дека истиот одговор можел да го даде и самиот Геринг на трибуналот во Нирнберг. Но дали тоа го направил Геринг, се разбира дека не. Тој славен фашист чија гордост догорувала, а срамот одамна го беше напуштил, не кажал ништо слично!Додека нашиот драг и за некој непрежален мил и богат роднина, немаше доблест ни да се покае за тоа што мародерски, небаре хиена ги пљачкосуваше своите сонародници со душата во носот. Ало соросоиди, каде ќе ви оди душата?
Нашата цивилизација е толку фрустирана во моментов од една страна, и толку фрустрирачка од друга страна, што омразата станува една од најсилните, т.е. најавтентичните емоции во неа.Покрај другото, на цивилизацијата и се придружува и историјата која воглавно е инвентар на ексцесите на омразата, а во секој миг, забрзано и загарантирано, најсигурниот доказ дека некој постои е дека тој истиот мрази !
Колективното несвесно во себе ја носи целата вина и срам од минатите векови. Машката енергија на доминација, повеќе од 6000 години вреска на цел глас: оди напред, освојувај, докажувај се, врши експанзија, купувај, продавај, контролирај, поседувај, прави, врши притисок… Со еден збор капитализам.
Има време кога треба да се бидува и има време кога треба да се делува.
Системите во кои функционираме се распаѓаат.
Сегрегацијата расте. Расте до поделба на експлозија на алфа-честичка. Измама насекаде. Одеднаш стварноста станува непрепознатлива и се фрагментира во повеќе слоеви, кои пак взаемно се исклучуваат. Психоделичност.
Дали може народот да се почувствува среќен и задоволен и од кого тоа зависи? Од него самиот.
Народот нема да ја врати сопствената моќ од некој надворешен извор, туку од свој извор, ако се конектира на својот извор, а тоа е Бог. Светот сам нема да се поправи.Нашите структури на верба стануваат екстремни. Станувааат култ. Сите се претворивме во култ. Ова е создадено намерно за да поверуваме во она што ќе ни го сервираат медиумите и тоа во првите 20 секунди од веста, на оној телоп во вид на квадрат на дисплејот, што не ни дава време да размислиме со свои глави, ни сервира готова информација или fake news, а ние сме готови да ја купиме или да и поверуваме во мигот. Квадрати, квадрати, дисплеи, квадрати….Врз нас се врши насилно програмирање. На кој култ и да се приклониме сега ние сме губитниците, човештвото.
Зошто? Затоа што сето тоа е конструирано само да не пишманат во вербата, во љубовта, во вистината. Со еден лош збор искажан против било која личност, владетел, претседател, премиер, дете, старец, жена, ние веднаш веруваме во таа вест. Во првите 10 секунди ја голтаме информацијата. Напоени со омраза, страв. За жал дозата на омраза во моментов во светски рамки е поопасна од загадувањето на воздухот.
Таа омраза е совршено добро оркестрирана за ширење страв и илузија.
Или ќе бидеме дел од колективната свест кои ќе го уништат Светот и ќе праќаме негативна енергија или ќе бидеме оние кои ќе праќаат љубов и ќе го спасат Светот.Дајте да му простиме на детето во нас, на нашето его. Лош ни е денот? Не ни е крив никој. Ние сме си криви.
Најинтересно е што таа темна енергија на омраза која во мометов лебди ги зафати токму борците за љубов, слобода и мир. Оние хипиците, јогиата, спиритуалните, оние кои се бореа за безусловната љубов. Пандемично.
Тезите се сменија внатре во нив. Во нив зацарува стравот и мракот, а како последица на тоа можат да зрачат само страв и мрак.
Затоа палат бенгалски огнови на слава во име на „прогресот“ „правдата“ и „мирот“. Обиваат излози, обиваат и палат канцеларии на претседатели, палат возила, превртуваат возила, тези, фарбаат архитектонски зданија, споменици, плукаат во корењата сè во името на Љубовта и Мирот. Вака ли ве учеше Џон Ленон? Го разочаравте и Џон Ленон. Холивуд? Холивуд се исплаши да не остане без внимание. Холивуд се исплаши од Доналд Трамп, од еден напреден човек кој на Америка ќе и донесе нужна преродба. Холивуд стана патетичен плачко, беспомошен, и во сопствениот кастинг ја доби улогата на жртва. Да не ви се поверува, но така е. Кому денес му е грижа за Холивуд? Никому. Додека гинат деца и по светот скитаат раселени лица без Татковина, никому не му е гајле за патетичната Мерил Стрип.И така плуриверзумот ќе продолжи да се врти, се додека им веруваме на скапаните предрасуди дека ние не можеме.
НИЕ МОЖЕМЕ !Ќе си ја сакаме Македонија до последен здив, до својата последна надеж, до самиот крај на всушност бескрајот на нашата Татковина. Ќе си ја сакаме до Небото и по цик цак пат назад.Паралелно плуриверзумот ќе продолжи да не компромитира, фрагментира непрестано и прогресивно. Верзиите на стварноста ќе се множат експлозивно и експоненцијално. Но ние нема да ги храниме соросоидните рептили. Тие се полнат од нашиот страв, се хранат. Нема да ги купуваме нивните лаги. Ние сме тие, човекот, кој треба да го исконтролира овој бескрај од илузии и од илузии да го донесе Светот назад во реалноста, ние сме тие што треба да бидеме big bang на сега и овде.
И да не заборавиме- Аматери ја граделе арката на дедо Ное, а професионалци го граделе Титаник. Аматери ама имале љубов во себе, љубов кон Бога и Човештвото.
Д-р Мери Георгиевска.Деновиве кои траат предолго, кои немаат исто изгрејсонце или барем слично зајдисонце, деновиве кои траат бескрај го одбележуваат светот в