Факти и митови за убавината

Секојдневието ни е исполнето со безброј тврдења за убавината. Мозолчињата не треба да се стискаат, само дебелите луѓе имаат целулит… Колку од нив сепак се точни?  Постојат многу факти и митови за убавината и негата, па да се потсетиме на некои од нив.
Стискањето на мозолчињата доведува до сериозни проблеми
Ова е точно! Најдобро е да не ги допирате мозолчињата, ако не сакате да се воспалат или уште полошо – да се појават по целото лице. Кога ги стискате мозолчињата инфекцијата се шири под површината на кожата. Блиските непроменета делови доаѓаат во контакт со неа и се појавуваат уште повеќе мозолчиња. Она што можете да го направите е да се погрижите за чистотата на кожата и да ги оставите мозолчињата да се исушат и заздрават сами.
Пастата за заби ги суши мозолчињата
Пастата за заби навистина помага на кожата со мозолчиња и митесери поради супстанците кои ги содржи што ја сушат кожата. Нанесена паста само на мозолчињата буквално ја суши кожата и го забрзува процесот на заздравување. Овој метод може да се применува на сосема мали делови, во спротивно ќе ризикувате кожата премногу да ви се исуши и да започне да обелува.

Користењето на туѓа  декоративна козметика е опасно
Докажано е дека размената на шминка значи и размена на бактерии. Тоа може да предизвика инфекции или други проблеми на кожа на лицето, па затоа при избегнувајте да користите нечиј кармин, молив за очи и слично.

Колку повеќе го чистите лицето, толку подобро
Прекумерното чистење на лицето ја суши кожата. На овој начин не само што не ја правите добро, туку и создавате дополнителни проблеми на кожата. Чистењете двапати дневно – наутро и навечер е сосема доволно. Со тоа не ја отстранувате природната маснотија на кожата која ја штити од надворешните влијанија.
Само луѓето со прекумерна тежина имаат целулит
Голема невистина! Не треба да имате прекумерна тежина за да имате целулит. Неговата појава зависи од голем број на други фактори – генетска предиспозиција, начин на живот и исхрана, недоволна физичка активност.Секојдневието ни е исполнето со безброј тврдења за убавината. Мозолчињата не треба да се стискаат, само дебелите луѓе

Пронајдете не на следниве мрежи: