Ви претставуваме неколку факти за машката гордост, кои нема да ви биде тешко да ги читате и продискутирате.Промени во текот на еволуцијатаМашкиот полов орган во минатото изгледал многу пострашно. Во еден момент во текот на еволуцијата на нашиот вид овој орган имал боцки! Човечките претци ја изгубиле оваа бодликава структура пред 700.000 години, се наведува во истражување од 2010 година. Научниците не се сигурни во намената на боцките, но се претпоставува дека тоа е поврзано со промискуитетниот вид со оглед на тоа дека со ваквата специфична структура побргу доаѓало до ерекција. Уште една промена која се изгубила во текот на еволуцијата е коската на машкиот репродуктивен орган, или бакулумот. Повеќето мајмуни се’ уште ја имаат таа коска, а кај луѓето се изгубила во текот на еволуцијата. Мажите денес се потпираат само на дотокот и притисокот на крвта, со што се постигнува цврстината во пенисот.Големината е важнаКога станува збор за пенисот, големината е важна барем за некои припаднички на понежниот пол. Жените кои почесто доживуваат вагинален оргазам, велат дека тој вид на сексуален климакс е полесно да се доживее со маж кој има поголем пенис.Иако не е сосема разјаснето зошто, се чини дека подолгиот пенис подобро ја стимулира самата вагина и цервиксот. Два пениси?!Многу ретко, но можно е да се роди маж со два пениси. Оваа состојба го носи медицинското име дифалус. За жал, таа аномалија не може да значи и двојна забава. Мажите со два пениси мораат да се оперираат за органот воопшто да им биде функционален.
Константна ерекцијаСостојбата која предизвикува честа појава на ерекција се нарекува пријапизам. Таа неочекувана ерекција која не е предизвикана туку всушност е многу непосакувана, може да трае и по неколку часа и да предизвика неугодни болки.Просечна големинаПросечната големина на пенисот во ерекција е 14 сантиметри, покажуваат резултатите од последното истражување во 2013 година, објавено во магазинот Sexual Medicine, кое е извршено над 1661 маж. Сепак, во истражувањето мерките варирале од 4 до 26 сантиметри. Разликите зависат и од начинот на кој е постигната ерекцијата. Оние кои ги мереле пенисите после орален или обичен секс имале поголем просек од оние кои ерекцијата ја постигнале благодарение на бујната фантазија. Исто така, поради намалениот проток на крв, конзумирањето на цигари може да ја намали просечната должина до 1 сантиметар.
Акција во текот на сонотПенисот може да биде активен и преку ноќ, иако во текот на денот имало акција со него. Повеќето мажи во текот на спиењето имаат три до пет ерекции без оглед на тоа дали сонувале за својата баба, или за Софија Вергара. Активностите во текот на сонот ги одржуваат мажите во сексуална форма. Половите органи кои не ја постигнуваат оваа регуларна активност, ризикуваат губење на еластичноста и големината.Со оглед на зачестеноста на ваквата состојба, повеќето доктори секогаш ги прашуваат своите пациенти кои имаат проблеми со ерекцијата, дали имаат ноќни ерекции. Ако имаат, не мораат да се грижат.Промени во текот на еволуцијатаМашкиот полов орган во минатото изгледал многу пострашно. Во еден момент во текот на ев