Дознајте повеќе за ексцентричниот уметник Дали!Во својот дневник уште на 16 години напишал: „Ќе бидам гениј и цел свет ќе ми се воодушевува. Можеби ќе бидам потценет и лошо сфатен, но ќе бидам величествен гениј, во тоа сум сигурен“.
Исфрлен е од Академијата на убави уметности непосредно пред дипломирањето. Изјавил дека на факултетот никој не е доволно компетентен за да го оцени.
Во 1963 година Салвадор Дали учествувал на Меѓународната Лондонска надреалистичка изложба, на која говорот го одржал во нуркачки костим. Сакал да покаже дека „длабоко нурка во човековиот ум“.
Меѓу првите ја воведе холографијата во уметноста. Голем број од неговите дела содржат оптички илузии.
Мустаќите на Дали му служеле како „антени за комуникација со вонземјаните“.
Некои тврдат дека генијалците малку спијат. Салвадор Дали имал обичај да задрема на фотелјата со сребрена лажичка во раката. Штом заспивал, лажичката паѓала и го будела, а тој станувал свеж и подготвен за работа.
Кога уметникот Пол Елијар го повикал да ја наслика неговата сопруга, Дали се вљубил во неа. Гала (Елена Ивановна Даиконова Гала), била единаесет години постара од Дали. Руската емигрантка наскоро му станува сопруга. Гала на Дали му беше пријател, муза, љубовница, модел и бизнис агент. Таа најдобро ги оценувала неговите слики.
Кога Дали дошол во Париз, веднаш отишол кај Пабло Пикасо. При запознавањето му рекол: „Голема чест е да ве запознаам, дури не отидов и во Лувр. Прво дојдов вас да ве запознаам“. Дали му одговорил: „Добро сте направиле“.
Со сопругата Гала честопати шетал низ улиците на Мадрид, Париз и Лондон, облечен во разни костими. Некогаш Гала била и гола.
Во 1982 година кралот Хуан Карлос I го именува за маркиз од Пубол. Истата година умира и неговата сакана Гала. После нејзината смрт, ја губи желбата за живот и повеќе пати се обидува да се самоубие.
Некои биографи наведуваат дека последните години од животот чуварите го принудувале Дали да потпишува празни платна. Трговците се претпазливи поради овој факт.
Салвадор Дали почина во 1989 година слушајќи ја операта „Тристан и Изолда“. Своето богатство го остави на Шпанија.
Една од неговите најпознати изјави е: „Секое утро се будам чувствувајќи огромно задоволство што сум Салвадор Дали и се прашувам какви прекрасни работи ќе направам денес“.Во својот дневник уште на 16 години напишал: „Ќе бидам гениј и цел свет ќе ми се воодушевува. Можеби ќе бидам потценет и лошо сфатен, но ќе б



