Факултетот за елктротехника и информациски технологии свечено ги отвора вратите за идните студенти

Во сабота, на 26 април 2014со почеток во 10 часот,ФЕИТ ќе одржи отворен ден. Целта на настанот е матурантите и сите заинтересирани да се информираатзауписите, студиските програми и начинот на студирање на ФЕИТ, како и за можностите кои се отвораат пред овие академски граѓани по завршување на студиите на факултетот.На отворениот ден на ФЕИТ посетителите ќе се запознаат со наставниот кадар, како и со студентите кои студираат на факултетот. Тие ќе имаат можност да ги разгледаатпростoриите на ФЕИТ и лабораториите во кои се изведува практичната настава.
Отворениот ден има за цел да ги обелодени и разоткрие сите „митови и мистерии“, да даде одговор на сите прашања,нејаснотии и заблуди во врска сопредметите, професорите, наставата, самиот факултет и сè останато.
Отворениот ден на ФЕИТ е во организација на Деканатот на факултетот и Центарот за нови студенти, тело кое е основано за да се овозможи полесен и поедноставен начин за информирање на матурантите во врска со студиите на ФЕИТ.
Деканот на ФЕИТ, проф. д-р. Миле Станковски вели дека студирањето на ФЕИТ е предизвик, но и можност за креативно изразување за сите млади кои се заинтересирани за техниката бидејќи ФЕИТ е единствениот факултет во земјата кој ги покрива сите области од електротехниката и информациските технологии. Современиот начин на студирање и големиот избор на предмети од различните студиски програми на ФЕИТ им дава можност на идните инженери да го оформуваат своето знаење според сопствените афинитети. Одбележувањето на 55 години од постоењето на ФЕИТ, претставува гордост, но и одговорност и понатаму да се одржи квалитетот по кој се препознаваат дипломираните инженери од овој ФЕИТ, кој овозможува дипломираните инженери да го продолжат своето образование на II и III циклус студии.
Продеканката за настава на ФЕИТ, проф.д-р Христина Спасевска вели: „Студиските програми и на I и на II циклус студии се иновирани, со цел, покрај базичните знаења потребни за секој инженер, да ги опфатиме и сите новини од овие области и да овозможиме квалитетно високо образование. Последниот успех на нашата екипа на меѓународниот студентски натпревар RoboTEC, каде студенти на ФЕИТ освоија прва награда и златен пехар е само еден доказза нашите заеднички заложби и труд.“
По повод организирањето на отворениот ден на ФЕИТ, доц. д-р Александра Крколева Матеска, раководител на Центарот за нови студенти на ФЕИТ вели: „Нашиот Факултет низа години наназад успешно го организира отворениот ден на ФЕИТ, настан во кој се вклучени сите вработени на ФЕИТ, а огромна поддршка добиваме и од Студентскиот парламент на ФЕИТ.“На отворениот ден на ФЕИТ посетителите ќе се запознаат со наставниот кадар, како и со студентите кои студираат на факултетот. Тие ќе имаат можност

Пронајдете не на следниве мрежи: