Се прави за 20 минути а се јаде 5…Фантастичен колач!Состојки:
За тесто:
6 јајца
6 лажици брашно
6 лажици шеќер
½ прашок за пециво
Малку масло
3 лажици какао
100 мл млеко
Прелив за бисквит
100 мл млеко
3 лажици рум
Крем
3 пудинга од ванила
1 л млеко
150 гр маргарин
6 лажици шеќер
И уште:
250 мл слатка павлака
Банани колку сакате
Подготовка:
Одвојте ги жолчките од белките и миксајте ги жолчките со шеќерот да не се згрутчат. Додадете го брашното и прашокот за пециво, па млекото и маслото и миксајте додека не стане кремасто, па додадете 3 лажици какао. На крајот со дрвена лажица изматете ги белките и ставете во 180С загреана рерна, па печете 20 минути.
Испечениот бисквит прелијте го со сварено топло млеко во кое сте додале рум, оставете да се олади па преку целиот бисквит наредете банани.
Сварете го пудингот па оставете го да се излади, во оладениот пудинг додадете маргарин па добро измиксајте, кремата ставете ја преку бананите и пуштете да се стегне. После тоа измиксајте ја павлаката за шлаг и ставете преку кремата.
Послужување:
Колачот може дополнително да го прелиете со чоколадо или да изрендате црно или бело чоколадо по избор.
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Состојки:
За тесто:
6 јајца
6 лажици брашно
6 лажици шеќер
½ прашо