Постојат неколку места на нашата планета кои се до тој степен топли, што би можеле да го уништат и дронот кој лета над нив.Благодарение на истражувачот Сем Косман, кој го опремил дронот со GoPro камера, може да се видат неверојатни снимки од вулканскиот кратер во Ванутау, островска држава во Тихиот Океан и може да се „искуси“ топлината и енергијата на лавата, токсичниот хлор и сулфурните гасови од прва рака.
Интензивната топлина и чадот биле премногу силни за дроновите, кои на крај биле уништени од вулканот, но она што тие успеале да го снимат навистина го одзема здивот. Видеото го објави National Geographic.
„Тоа е поглед во центарот на Земјата. Тоа е како да го слушате отчукувањето на срцето на планетата“, вели еден од актерите во видеото.
Покрај снимањето на овие фантастични кадри, главната цел на мисијата беше да се научи нешто повеќе за животот на микробите во екстремни климатски места.
Дроновите снимиле преку илјада фотографии за да можат да направат 3Д кратер, со што на научниците ќе им се овозможи подобро да го разберат екосистемот.
На Земјата постојат околу 1.500 потенцијални активни вулкани, од кои околу 500 нив се појавиле уште во самите почетоци на еволуцијата на човештвото, пишува IFLScience.com.
Благодарение на истражувачот Сем Косман, кој го опремил дронот со GoPro камера, може да се видат неверојатни снимки од вулканскиот кратер во Ванута



