Излезе на виделина дека СДСМ манипулира со јавноста тврдејќи дека во државава има фантомски гласачи.На јавноста сега и е сосема јасно зошто СДСМ на вчерашната седница на ДИК се противеше да биде јавно објавен списокот на лица кои партијата ги прогласи за фантоми иако истите беа претходно објавени кога беше ставен на увид избирачкиот список.
А на списокот објавен од ДИК за спорни гласачи, се јавија многу познати имиња кои ќе бидат предмет на теренска проверка. Од овде станува уште појасно дека СДСМ манипулира дека има фантомски гласачи. Во оние кои инсистираше да се проверуваат дополнително има нивни високи членови и членови на нивните семејства, нивни блиски соработници, новинари…
Јани Макрадули, Гордан Георгиев, Мирјана Најчевска, Благој Ханџиски, сестрата на Радмила Шекеринска, Лилјана, Фиат и Сефер Цановски, Дарко Давитковски од СДММ, новинарите Ерол Ризаов и Ида Протугер….сите овие личности им се многу добро познати на челниците од СДСМ и ДИК. Тие сега ќе мора да ја поминат теренската проверка за да се знае дали се фантомски гласачи.
Класична манипулација беа обидите за форсирање на Зоран Заев и СДСМ од изминатиов период да го прогласат избирачкиот список за нелегитимен. Веќе два месеци Заев говореше за 200.000, 300.000 или 500.000 фантоми само за да најде алиби за да го покрие извесниот пораз кој следува по очајниот рејтинг на партијата.На јавноста сега и е сосема јасно зошто СДСМ на вчерашната седница на ДИК се противеше да биде јавно објавен списокот на лица кои партијата ги прог