ФАТАЛНА СТРАСТ: Летале 110 на час и се одлучиле за секс- следела трагедија

Мажот кој со својата девојка среде возење побрзо од 110 километри на час се впуштил во сексуален чин осуден е на седум години затвор бидејќи при тоа предузвикал судир во кој загинала девојката.Минеш Парбат (36) ги соблекол панталоните и долната облека додека на патот во подрачјето на британски Сасекс во март месец минатата година го возел своето BMW, а на совозачкото место била неговата осум години помлада партнерка Лиса Валтиг.
Како што раскажал пред судот, Лиса била „напалена“ па го замолила да ги соблече панталоните, но тој инсистира дека немало никаков секс. Сепак, обвинителството за време на постапката го тврдело спротивното , а судот на крајот на овој предмет поверувал во тие тврдења.
Парот пред 2 наутро го напуштил ресторанот и тргнал кон куќата на Парбат каде тој го заборавил својот телефон. И двајцата испиле по некоја чаша алкохол, а подоцна кај Парбат биле измерени 1,02 промили алкохол во крвта. Откако се соблекол, Лиса му седнала на партнерот во скут и му го покрила погледот на патот по што тој се забил во ограда.
Лиса загинала веднаш,а Парбат  се здобил со гребаници на лицето. Во смачканиот автомобил ги пронашле случајни минувачи.
Лиса на себе имала само маичка и градник, додека остатокот од облеката ја соблекла.
Судот му изрекол забрана на Парбат  за управување на моторни возила во траење од три ипол години по излегување од затвор. Иако за време на судењето, на кое се изјасни виновен само по точката за возење под дејство на алкохол, Парбат ронел солзи поради смртта на Лиса, на изрекувањето на пресудата не покажал никакви емоции.Минеш Парбат (36) ги соблекол панталоните и долната облека додека на патот во подрачјето на британски Сасекс во март месец минатата година го возел

Пронајдете не на следниве мрежи: