На нарко-босот Дарко Шариќ како организатор на криминалната група за шверц на кокаин му се заканува казна до 15 години затвор. Специјалниот суд во Белград му одреди притвор од 60 дена на нарко – босот Дарко Шариќ, поради опасност од бегство и други причини во конкретниот случај.
Притворот трае до понатамошната одлука на судот, а тој не може да биде подолг од 60 дена, истакна судот.
Шефот на нарко мафијата Дарко Шариќ во јавноста, поточно во медиумите прв пат се појавува во октомври 2009 година, кога медиумите пренесоа дека уругвајската полиција запленила 2,8 тони кокаин на јахтата „Мауи“, под британско знаме, во пристаништето Сантијаго Васкес, 25 километри западно од Монтевидео.
За Шариќ уште во јануари 2010 година е распишана меѓународна потерница. На него како организатор на криминална група за шверц на кокаин му се заканува казна затвор до 15 години. Специјалниот суд во Белград му одреди притвор од 60 дена на нарко – босот Дарко Шариќ, поради опасност од бегство и други причини во конкретн