Стево Пендаровски од СДСМ, човекот кој беше поразен од Ѓорѓе Иванов на последните претседателски избори, во синоќешното гостување на „Топ Тема“ на Телма имаше неограничен простор да зборува за сѐ што ќе посака, кај својот домаќин Александар Чомовски.Но, на самиот крај на емисијата кога Чомовски се запраша себеси и гостинот дали не е медиумска слобода токму тоа што се случува во моментот, емисија на национална телевизија во која цело време се критикува власта, Пендаровски во нему препознатлив стил направи огромен гаф и изјави дека „опозицијата ја имало на медиумите – но не доволно“.
За да е иронијата уште поголема, Пендаровски кој прашањето го одговори видно вознемирен, на крајот самиот побара да заврши емисијата на „Топ Тема“, очигледно фатен во тесно на тема за која знае дека ниту тој ниту СДСМ имаат право.
За да ги има што повеќе на медиумите се погрижи уредништвото на Топ Тема и во вечерашната емисија шанса да говори за неслободните медиуми ќе добие Петре Шилегов. Дали и неговото гостување ќе е апсурдно и смешно како синоќешното на Пендаровски, ќе дознаеме вечерва.Но, на самиот крај на емисијата кога Чомовски се запраша себеси и гостинот дали не е медиумска слобода токму тоа што се случува во моментот, емисиј