Фатмир Дехари и Изет Меџити како Циркусот на Монти Пајтон

Двајцата од насловот ги измешале лончињата. Не е тоа случајно. Тие си мислат дека на територијата на Македонија треба да биде Голема Албанија и на тоа си работат. Па тогаш зошто велам дека ги измешале лончињата? Затоа што гледам дека сигналите на САД не ги разбираат. Имено, нашите сојузници и сериозни поддржувачи на стабилноста на регионов јасно, од високо политичко ниво, и среде Албанија им соопштија дека не треба да ги подгреваат страстите на граѓаните и дека треба да се престане со таквата реторика.
Но овие двајца, а во името и на некои други сакаат да се претстават како херои. Демек, они работат за каузата. И се така, до моментов кога ќе се разбудат од сон и ќе сватат дека сојузниците кои беа еднократно ангажирани околу прашањето на Косово пред една деценија, веќе не се тука.
Не постои голема сила која сака постојано да гасне пожари на некои мали деца. За жал Дехари и Меџити не се на ниво на свеста кое пораките ги разбира.
Па затоа Груевски реши да им појасни и да им прати јасни пораки како стојат работите.
Пораката од Кичево и Струга на Груевски и дека тие градови се во Македонија и тука ќе останат. И таа е сосема јасна и прецизна и што е најважно зад неа ќе застанат сите лојални граѓани на оваа држава, а истата прогнозирам ќе биде поддржана и од сите странски добронамерни пријатели на Македонија.
Така што останува да се смееме на сликите со калашниковите на Дехари кои да беше сериозен политичар ќе ги криеше. Да не беше смешно ќе беше жално…
Да завршам. Добро е што се сликаат како во циркус. За да ги видат сите од белиот свет, и да се свестат на кого помагале. Или зад кого стоеле а не го научиле како стојат работите.
Предвидувам дека ако вака продолжат дехаровци и меџитци само ќе ни направат услуга и полесно ќе го објасниме проблемот кој што со децении нивната кауза го создава.
Но, едно по едно. Сега да се обединат сите граѓани во Кичево и Струга за да им го покажат местото, т.е. надвор од локално влијание. Па после се друго.
Филип Петровски Двајцата од насловот ги измешале лончињата. Не е тоа случајно. Тие си мислат дека на територијата на Македонија треба

Пронајдете не на следниве мрежи: