Германија и Аргентина ќе играат во финалето од Светското првенство во Бразил кое ќе се одигра во недела.Токму овие две селекции беа фаворитите на премиерот Никола Груевски, кој се покажа како добар прогнозер пред стартот на Мундијалот и ги погоди финалистите.
-Нема да имам многу време да гледам фудбал имајќи ги предвид обврските. Можеби делови од неколку натпревари, евентуално финалните натпревари и тоа ќе биде се. Не можам да прогнозирам кој ќе победи, нема да навивам посебно за никого, како фаворити ми се истакнуваат Аргентина и Германија, рече Груевски пред стартот на СП.
Германија се пласираше во финалето откако вчера го декласираше Бразил со неверојатни 7:1, додека Аргентина по подоброто изведување на пенали вечерва беше поуспешна од Холандија и во недела против “панцерите“ ќе се бори за толку посакуваниот трофеј.
КурирТокму овие две селекции беа фаворитите на премиерот Никола Груевски, кој се покажа како добар прогнозер пред стартот на Мундијалот и ги погоди фина