ФБИ покрена истрага против Хилари Клинтон

Директорот на ФБИ, Џејмс Коуми објави дека ФБИ ги истражува новооткриените е-мејлови што американската кандидатка за претседател Хилари Клинтон ги испраќала од приватен сервер.ФБИ во јули објави дека истрагата за приватниот сервер за електронска пошта што Хилари Клинтон го користела додека била државен секретар, завршила со препораката да не се подигне казнена пријава, иако директорот на ФБИ Џејмс Коуми ја критикуваше Клинтон заради невниманието.
Меѓутоа, во писмото што денеска е испратено до членовите на Конгресот, Коуми објаснува дека новите е-мејлови што се откриени во новиот случај се релевантни во истрагата.
„Тимот за истрага ме извести за ова вчера, а јас се сложив дека ФБИ би требало да преземе соодветни истражни мерки што на детективите би им овозможиле разоткривање на овие е-мејлови за да се утврди дали содржат доверливи информации, за да се процени нивната важност за нашата истрага“, напиша Коуми.
Писмото доаѓа само 11 дена пред претседателските избори.ФБИ во јули објави дека истрагата за приватниот сервер за електронска пошта што Хилари Клинтон го користела додека била државен секретар, завршила

Пронајдете не на следниве мрежи: