Федерер со нова стратегија – Ќе игра со поголем рекет

Роџер Федерер доживеа фијаско на Вимблдон, па сето тоа му падна тешко на швајцарецот, но тој најде нова идеја како да дојде до нови победи.
Во недела на турнирот во Хамбург, швајцарскиот тенисер ќе игра натпревар против Даниел Брендс, па Федерер на овој меч ќе игра со рекет со ширина од 98 квадратни инчи.
Инаку, Федерер веќе 10-тина години користи рекет со ширина од 90 квадратни инчи. Швајцарецот користи Вилсон рекети, ги менуваше моделите, но никогаш нивната големина. Интересно е дека победникот на Вимблдон, Енди Мареј користи иста големина на рекет, големина која во иднина ќе почне да ја користи Роџер Федерер.
Надал и Ѓоковиќ користат рекети со ширина од 100 квадратни инчи.Роџер Федерер доживеа фијаско на Вимблдон, па сето тоа му падна тешко на швајцарецот, но тој најде нова идеја како да

Пронајдете не на следниве мрежи: