СДСМ постојано и многу упорно продлжува да го докажува новиот епитет со кој се закити оваа некогаш сериозна партија: фабрика за лажни вести (фејк њуз) и дезинформации. Со каква цел? Ширење на омраза и оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ, пред се останато. Но и дефокусирање од сопствените постапки.Погоните за лажни и измислени вести на СДСМ денес на неколку соросови и партиски спонзорирани портали пласираше нова апсурдна и трагикомична лага со која уште еднаш се обидува да ги лаже граѓаните најдиректно, гледајќи ги во очи. И не само тоа – со ваквите фејк-њуз СДСМ ги руинира медиумите пласирајќи вести за кои човек после 3 секунди знае дека се лажни и рушејќи го кредибилитетот на медиумите и на информациите воопшто. Граѓаните коментираат дека не може да веруваат ни кога СДСМ става запирка во некој текст, а не пак на цела статија.
Пропагандната фабрика на СДСМ креира многу слаби и проѕирни конструкции од стаклени нозе кои им се распаѓаат со само два клика и пребарување на гугл. Меѓутоа, СДСМ се води по методот: ако успеам да излажам некого, добро е. И – вистината е дека СДСМ успевал да прелаже, но ќе успева се помалку и помалку како што минува времето.
Познавачите велат дека Заев ова го прави и после формирањето на Владата со цел да ја дефокусира јавноста од преголемите ветувања кои ги дал пред граѓаните, а кои нема да може да ги исполни, па затоа нарачува вакви лажни вести со цел граѓаните да се занимаваат со ВМРО-ДПМНЕ, а ВМРО-ДПМНЕ да се занимава со самото себе. Последен во низата вакви очајнички обиди е вчерашниот со кој порталите на СДСМ/Сорос објавуваат слики од хотелот Сент Реџис во Москва, а пишуваат дека се работи за внатрешноста на Владата и дека овој луксуз е дело на „збеснатите вмровци“.
Ова сценарио е разработено и не почнува од вчера. Во рамките на истото беше создавна фама дека во новиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ има златни плочки, фонтани од чоколадо и бенгалски тигри, слики од Пикасо, рудник за дијаманти и кофчези со злато извлечени од пиратски брод. СДСМ ја креираше оваа перцепција за да ги лаже граѓаните објавувајќи слики од нешто што поголем дел од нив никогаш не можат да го видат, односно да се уверат во спротивното. СДСМ ја користи оваа можност и не се двоуми ни секунда дали треба да се нарача нова лага кај порталите пријатели на СДСМ/Сорос. За потребите на фејк-њуз пропагандата на СДСМ никогаш нема лошо време, ниту пак дилема: лажи што повеќе можеш, кога и да можеш – е нивното мото.
Но, колку вредат ваквите очајнички обиди на СДСМ? Два клика: првиот десен клик на сликата ви дава мени на кое кликате уште еднаш на опцијата Search Google for Image – после што гугл во 90% од случаите ви кажува сликата која е пред вас и некој сака да ви ја продаде како слика од внатрешноста на владата, дека е слика од хотел во Москва.
Во конкретниот случај, ГУГЛ прво препозна дека се работи за ентериер од ланецот на хотели Сент Реџис, а со мало пребарување откривме дека се работи токму за Сент Реџис во Москва.
Овој нов малверзантски потег на СДСМ доаѓа неколку дена после нарачката кај албански портали да се објавуваат слики од златни тоалети за кои ќе се тврди дека се наоѓаат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Нарачката со лаги од СДСМ беше извршена од повеќе албански портали.
Со најобичното пребарување како што е погоре опишано лесно ќе ја разбиете лагата во нарачката на СДСМ односно ќе дознаете дека не станува збор за слики од штаб на ВМРО-ДПМНЕ, туку станува збор за златните тоалети од дворецот на Виктор Јанукович.
Очигледно нарачателите на вакви текстови од СДСМ многу ги потценуваат граѓаните мислејќи дека некој би поверувал во ваквите ноторни лаги и местенки. Да, точно е дека повозрасните луѓе и оние кои не се служат со поголем дел од алатките на интернетот може и да наседнат на ваквите срамни обиди на СДСМ преку своите портали упорно и упорно да ги лаже во очи граѓаните, но како што вели старата народна – на лагата кратки и се нозете. Денот кога се повеќе и повеќе луѓе ќе дознаат кој ги лажел, а кој им зборувал вистина, ќе дојде и побрзо него што очекуваме.Погоните за лажни и измислени вести на СДСМ денес на неколку соросови и партиски спонзорирани портали пласираше нова апсурдна и трагикомична лага с
Пронајдете не на следниве мрежи: