Целта на новитетите од Фејсбук е да влијаат подобро врз половата еднаквост и расната разновидност.Корисниците на Фејсбук ќе се радуваат на многу широк спектар на емотикони, со кои ќе ги изразат своите емоции. Социјалната мрежа воведува промени во досегашната понуда на емотикони, додавајќи многу поголем избор за корисниците.
Смешковци со нов дизајн се над 1500 и целта им е да влијаат подобро врз половата еднаквост и расната разновидност. Сега, жените и мажите се претставени во различни професии, а благодарение на 100 нови емотикони секој корисник може да ја промени бојата на нивната кожа спрема својата, пишува Дејли Меил.
Веќе можат да се праќаат различни знаци од зодијакот, емотикони со точен час, кинески симболи, различни предмети за домаќинството како клуч, паметен телефон, камера, пошта, календар, тетратки и др.
Во последниот дел на смешковците присуствуваат знамињата на различни земји.
Од социјалната мрежа се надеваат во иднина да направат уште повеќе различни емотикони, за да се дадат повеќе можности на корисниците.
„Разновидноста на половите е за да создадеме избалансиран микс, кој претставува подобра опција за нашиот свет“ – пишуваат од тимот на Фејсбук.
Потсетуваме дека неодамна социјалната мрежа додаде и различни емоции – љубов, чудење, смеа, бес, тага, кои корисниците можат да ги изразат на некоја публикација. Тие се достапни од мобилни уреди, лаптопи и десктоп компјутери.
Пред тоа, корисниците можеа само да се допаѓаат слики и пораки на своите пријатели.
Корисниците на Фејсбук ќе се радуваат на многу широк спектар на емотикони, со кои ќе ги изразат своите емоции. Социјалната мрежа воведува промени в