Фејсбук испраќа џиновски беспилотни летала?

Познато е дека Фејсбук одамна планира со помош на беспилотни летала да воспостави мрежа во целиот свет и да го доведе Интернетот до најоддалечените делови на планетата, но новите детали на проектот звучат како да излегле од научно-фантастични филмови. Директорот за развој, Џел Мегваер изјави дека леталата ќе бидат на големи височини, далеку над комерцијалниот воздушен простор.
„Сакаме тие беспилотни летала да бидат со месеци во воздухот, можеби и години. За нив треба да се размислува како за авионите, затоа што ќе бидат со големина од комерцијалните патнички авиони, како што е Боинг 747. Еден прототип кој го имаме во лабораторија е долг колку 6 или 7 „тојоти приус“, но тежи колку колку 4 автомобилски гуми“, изјави Мегваер.
Засега не се знае кога овие џинови ќе полетаат, но најавен е барем еден тест-лет во САД, во 2015 година.
На листаа на потенцијални земји, во кои џиновските летала ќе функционираат во иднина се Индија и уште 21 земја од Јужна Америка, Африка и Азија, а не се знае како Фејсбук мисли да го вклопи својот футуристички план во прописите, со кои е уреден воздушниот простор во тие земји.Директорот за развој, Џел Мегваер изјави дека леталата ќе бидат на големи височини, далеку над комерцијалниот воздушен простор.
„Сака

Пронајдете не на следниве мрежи: