Фејсбук изгуби на суд: Отсега ќе може да објавувате и ВАКВИ фотографии!

Фејсбук изгуби случај на суд во Франција во врска со објавување на контроверзни фотографии и отсега можат да се објавуваат и интимни делови од телото на оваа социјална мрежа.Инаку, пред неколку години на мета се најде 57-годишен професор и љубител на уметноста Фредерик Дуранд-Беса по објавувањето на една уметничка слика која покрена огромна расправа од светски рамки.
Тогаш Фејсбук му го укина профилот, бидејќи го објавил контроверзното дело „Потекло на светот“ на Густав Курбе од 1866 година, кое прикажува женски интимни делови од телото, а изложено е во музејот Д`Орсеј во Париз.
Проф. Дуранд-Беса одлучи да го тужи Фејсбук поради бришењето на неговиот профил.
Меѓутоа, паришкиот суд пресуди во негова корист, а Фејсбук повторно го активираше неговиот профил, на кој отсега можат да се објавуваат и слики на кои се гледаат интимни делови од мажи и жени.
„Ова претставува голема победа за уметниците и фотографите ширум светот, кои своите фотографии сега слободно и без двоумење ќе можат да ги објавуваат на Фејсбук“, изјавил Дуранд-Беса.Инаку, пред неколку години на мета се најде 57-годишен професор и љубител на уметноста Фредерик Дуранд-Беса по објавувањето на една уметничка слика

Пронајдете не на следниве мрежи: