Фејсбук во понеделникот објави дека исфрла нова функција така што корисниците можат директно да одговорат на коментарите оставени на нивната страница. Конечно.
Во следниве месеци на тестирање, социјалната мрежа има за цел да направи навигацијата низ разговор на полесен начин, со новата Reply опција. Ова значи дека, наместо да оставите одговор на коментар одкако некој друг пријател ќе додаде нов, па за да му се обратите на оној кој сакате, ќе мора да го означите, сега ќе бидете во можност на секому да му се обратите директно, во неговиот коментар. Одговорите ќе бидат објавени под оригиналниот коменар.
Овој сајт исто така дава приоритет на коментарите врз основа на нивната фрекфентност -најактивните и најпопуларните ќе се најдат на врвот на постовите. Ова ќе биде особено корисно за страници со илјадници следбеници.
Забележете: Над Barrel Roll: 10 скриени Google трикови
Користење на Facebook за да погледнете во иднината
Дали имате Facebook Graph Search?
“Вие и вашите читатели ќе имате можност да одговорите директно на коментарите оставени на вашите страница и да започнете разговор, што ќе ја олесни комуникацијата со директните индивидуални читателите и ќе се задржат релевантните разговори поврзани”, вели Вадим Лаврусик, Фејсбук програмски менаџер, во официјалниот блог пост.
“Исто така, најактивните и најчестите разговори меѓу вашите читатели ќе се појават на врвот на вашите постови, со што луѓето кои ја посетуваат вашата Фејсбук страна ќе ги видат најдобрите разговори.”
За сега, ова ќе се применува само на Фејсбук страници, не на профили. Корисниците ќе можат да одговараат со опцијата Reply преку админ панел страната. Фејсбук ќе ја воведе оваа функција на сите страници со повеќе од 10.000 следбеници до 10 јули, 2013 година, но страниците ќе можат да ја исклучат оваа опција.
“На самиот почеток, оваа функција ќе биде достапна само на десктоп, но во иднина планираме да ја направиме достапна на API графата и мобилните”, додаде Лаврусик.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Фејсбук во понеделникот објави дека исфрла нова функција така што корисниците можат директно да одговорат на коментари