Насловната страница на социјалната мрежа Фејсбук ќе претрпи промени од 7 март. На овој датум компанијата ќе одржи прес-конференција, а се очекува за време на настанот да се претстави новиот дизајн на News Feed, соопштува Business Insider.
News Feed е клучот за рекламниот бизнис на Фејсбук. Во него се прикажуваат различни видови реклами за мобилни и немобилни уреди.
Социјалната мрежа има за цел да направи промени кои ќе гo задоволат маркетингот, но и да не ја преминуваат границата на толеранцијата на регистрираните во неа над една милијарда луѓе.
Насловната страница на социјалната мрежа Фејсбук ќе претрпи промени од 7 март. На овој датум компанијата ќе одржи прес