Фејсбук не го сака Трамп: Донираат 20 милиони долари за тој да не победи

Њујорк: Еден од основачите на компанијата „Фејсбук“, Дастин Москович, најави дека ќе даде 20 милиони долари за лобистичката група на демократите, за да спречи републиканецот Доналд Трамп да победи на претседателските избори во САД.Спред телевизијата CNN, во петокот е соопштено дека милијардерот и неговата сопруга Кери Туна ќе дадат пари на најмалку 6 организации и лобистички групи на демократите, а најавената донација ќе го направи трет најголем донатор во овогодинешната претседателска трка.
„Одлуката не беше лесна, а особено заради тоа што сме сомничави кон луѓето кои користат голема количина на пари за да влијаат на изборите. Но, овој пат е поинаку. Републиканците, а особено Доналд Трамп, немаат никаква визија, и само го истакнуваат лажното натпреварување меѓу нив и остатокот од светот“, изјави Москович. Тој се надева дека ќе и помогне на Хилари Клинтон да ги оствари своите цели и дека ќе им укаже на републиканците дека кампањата заснована на страв и непријателство ги тера луѓето да реагираат.
Москович, чие богатство се проценува на околу 10 милијарди долари, до сега за политички цели дал околу 10.000 долари.
Инаку, најголема донација добија демократите од милијардерот Том Стејер од Калифорнија, и изнесува 30 милиони, а најголемата донација што републиканците ја добија беше од Боб Мерсер и изнесуваше околу 20 милиони долари. Американските претседателски избори ќе бидат одржани во ноември.Спред телевизијата CNN, во петокот е соопштено дека милијардерот и неговата сопруга Кери Туна ќе дадат пари на најмалку 6 организации и лобистички

Пронајдете не на следниве мрежи: