Фејсбук откупува лозинки на корисници од црниот пазар

Безбедноста на профилите на корисниците е главен приоритет за Facebook. Ова го изјави Алекс Стамос, кој е главен директор за безбедност на Facebook за време на конференцијата Web Summit во Лисабон, цитиран од онлајн изданието CNET. Компанијата има голема и комплексна стратегија за заштита на потрошувачите и тоа вклучува купување на лозинки за нивните профили од црниот пазар.„Излегува дека можеме да изградиме софтвер со совршена безбедност и луѓето пак можат да бидат повредени“, вели Стамос.
Главниот проблем се лозинките. Стамос наведува дека главната причина за тоа е дека луѓето масовно ја користат истата лозинка за неколку профили.
Покрај тоа, најчесто се користат лозинки од типот „123456“ и слично. Така, кога еден профил е компромитиран, корисникот ја ризикува безбедноста на сите други свои профили на кои го користи истиот код. Во обид да се заштиат корисниците, Стамос вели дека Facebook откупува од хакерите на црниот пазар архиви со украдени лозинки земени од различни сајбер напади кон секакви платформи. Потоа им ги дава архивите на своите компјутерски системи и алгоритми кои ги анализираат и споредуваат со лозинките на корисниците на Facebook.
Овие лозинки се шифрираат и се потребни сериозни компјутерски ресурси за да бидат анализирани. Резултатот сепак вреди, вели Стамос. Досега Facebook е предупреди десетици милиони корисници да ја сменат лозинката, бидејќи не се доволно сигурни.
Покрај тоа, компанијата дава бројни други методи и инструменти за заштита, вклучувајќи две нивоа за идентификација.
„Наша одговорност е да размислуваме и за луѓето кои решаваат да не ги користат овие методи“, вели Стамос.
Тој исто така е од луѓето во Силиконската долина, кои сметаат дека лозинките веќе полека стануваат минато и не одговараат на технологијата од 2016 година и е време за преминување кон нови помодерни методи за безбедност.„Излегува дека можеме да изградиме софтвер со совршена безбедност и луѓето пак можат да бидат повредени“, вели Стамос.
Главниот

Пронајдете не на следниве мрежи: