По втор пат неделава, Фејсбук повторно се соочува со проблеми. Познатата социјална мрежа почна да искусува технички проблеми околу 21 часот по локално време (15 часот според источно време), предизвикувајќи гневни реакции кај луѓето.Да потсетиме, Фејсбук накратко беше исклучен на 24. септември, предизвикувајќи фрустрација кај корисниците.
Според мислењата на експертите, ова е лоша вест, со оглед на тоа дека социјалната мрежа ќе претрпи големи загуби што се однесува на секторот за рекламирање на светските компании. Истото важи и за компаниите коишто се рекламираат преку оваа социјална мрежа. Како и да е, Марк Закерберг ќе треба на претприемачите да им даде објаснување за техничкиот проблем.
Социјалната мрежа повторно се врати во функција по 15 минути, но повторно се исклучи. Ова се случи во неколку наврати. Проблемот трае повеќе од половина час. Милијарда корисници одеднаш беа исфрлени од мрежата и наголемо се шпекулира што би можело да доведе до овој проблем.
Дали имплементацијата на новите опции го прави своето или пак станува збор за нешто друго, останува да видиме доколку некој од компанијата ќе се одлучи да даде коментар за јавноста. Она што е јасно е дека Твитер заедницата веќе бележи над 100.000 твитови во врска со проблемот.Да потсетиме, Фејсбук накратко беше исклучен на 24. септември, предизвикувајќи фрустрација кај корисниците.
Според мислењата на експертите,