Фејсбук призна протекување на лични информации

Фејсбук потврди протекување на 6 милиони телефонски броеви и email адреси од неговите корисници поради проблем во системот на оваа социјалната мрежа.
Објавената информација од Фејсбук ја поставија на нивниот блог како „важна порака“ во која се вели дека email адреси или телефонски броеви се дадени на корисници со уште некои контакт информации или со уште нешто што е поврзано со нив.
„Некои од информациите кои се користат за да се направи препорака за пријателство и да се намали бројот на покани кои ги праќаме ненамерно се чувани со контакт информациите како дел од нивните профили на Фејсбук“ – се вели во објаснувањето.
Корисниците, симнувајќи ја сопствената архива од Фејсбук профилот преку Download Your Information (DYU) алатката, може да дозволат пристап до дополнителни информации.
Од компанијата се обидуваат да ги уверат корисниците дека алатката DYI била веднаш исклучена и вратена откако проблемот бил решен. И уште додаваат: „во моментов нема доказ дека овој баг е отворен со „заразување“ на системот и немаме добиено поплаки од корисниците или забележано чудно однесување на алатката или сајтот што би укажало на проблем“.
Ова се случувало уште во текот на 2012,  а безбедносниот тим на Фејсбук бил известен дури претходната недела.
За Ројтерс од Фејсбук изјавиле дека задоцнувањето од една недела за објавување на проблемот се должи на процедура во компанијата според која најпрвин се известуваат регулаторите и сите кои се засегнати од проблемот.
Фејсбук и претходно се соочуваше со проблеми, кои тогаш успешно ги демантираше. Повеќе за тоа на следните линкови
Дали пораките на Фејсбук се јавно достапни
Фејсбук демантира „протекување“ на приватни поракиФејсбук потврди протекување на 6 милиони телефонски броеви и email адреси од неговите корисници поради проблем во сист

Пронајдете не на следниве мрежи: