Фејсбук веќе подолго време се бори со лажните вести кои што неретко завршуваат на профилите и се споделуваат. Поради тоа, социјалната мрежа минатиот месец им се придружи на Гугл и Твитер во истрагата која што имаше за цел да се одговори на тешките прашања за тоа како интернет платформите се користени за ширење на дезинформации за време на минатогодишните претседателски избори во САД.Фејсбук наскоро ќе го промени начинот на идентификација на лажните вести. Сите корисници ќе бидат предупредени дури и пред да ја отворат статијата со лажна вест и да ја споделат.
Од најголемата социјална мрежа на светот најавија дека наскоро ќе биде воведена „црвена икона“ која ќе ги означува лажните вести и наместо таа вест, ќе биде понудена нова вест со точни информации.
Доколку корисниците се обидат да споделат некоја таква вест, ќе им се појави прозорец кој ќе ги предупреди дека веста која што сакаат да ја споделат на својот профил е лажна.
Фејсбук веќе подолго време се бори со лажните вести кои што неретко завршуваат на профилите и се споделуваат. Поради тоа, социјалната мрежа минатиот месец им се придружи на Гугл и Твитер во истрагата која што имаше за цел да се одговори на тешките прашања за тоа како интернет платформите се користени за ширење на дезинформации за време на минатогодишните претседателски избори во САД.
Од Фејсбук на американскиот Конгрес им предадоа неколку илјади реклами кои што се поврзани со Русија.
Во изминатите неколку месеци од Фејсбук детално ја истражуваа новата алатка со која што корисниците ќе можат да дознаат повеќе за потеклото на медиумот чии што вести ги споделуваат на социјалната мрежа. На овој начин корисниците сами ќе можат да проценат дали читаат и споделуваат објави од уредници и медиуми на кои што може да им се верува.
Според мислењето на експертите, на овој начин Фејсбук може да успее во борбата против ширењето на дезинформации. Од Фејсбук исто така неодамна најавија дека социјалната мрежа планира да вработи повеќе од илјада луѓе кои ќе бидат задолжени за спречување на ширењето на лажните вести и огласи.Фејсбук наскоро ќе го промени начинот на идентификација на лажните вести. Сите корисници ќе бидат предупредени дури и пред да ја отворат статијата