Фејсбук одлучи да смени неколку нешта при прикажувањето на објавите во News Feed-от. Имено, новиот алгоритам на корисниците ќе им пласира повеќе информации во врска со пријателите, а помалку објави од компаниите, организациите и медиумите.Една од промените е дека корисниците на популарната социјална мрежа ќе можат во News Feed-от да видат повеќе објави од едно исто лице или страница. Претходниот алгоритам не го дозволуваше тоа.
Со оваа промена, Фејсбукќе овозможи прикажување на повеќе содржини на корисниците кои не гледаат премногу објави на својот News Feed.
Најпопуларната социјална мрежа исто така ќе почне да поставува приоритети на содржината којашто ја објавуваат пријателите.
„Тоа значи дека наскоро ќе бидеме во можност да гледаме повеќе фотографии, видеа, статуси и линкови од нашите пријатели“ – стои во соопштението од Фејсбук.
Од компанијата велат дека корисниците и понатаму ќе можат да ги следат вестите и објавите на организациите и страниците кои им се омилени.
Исто така, лајкувањето ќе доживее одредени промени. Имено, сега веќе нема да се појавуваат известувања за тоа што лајкувале или коментирале вашите пријатели.
„Ваквите објави ќе се појавуваат на дното на насловната страница, или воппшто нема да ги има“- спомнуваат од Фејсбук.
Овие промени и тоа како би можеле да влијаат врз намалувањето на посетеноста на страниците на компаниите и медиумските куќи кои го користат Фејсбук за огласување.
Дали тоа навистина ќе биде така, останува да видиме во наредните неколку недели.Една од промените е дека корисниците на популарната социјална мрежа ќе можат во News Feed-от да видат повеќе објави од едно исто лице или страница.