Фејсбук работи со полна пареа што се однесува на воведувањето новитети и опции кои предизвикуваат поделеност во мислењата на корисниците.Таков е случајот и овој пат.
На секој креатор на настан ќе му пристигнува известување за тоа дали пријателите што ги поканил ја виделе поканата.
Тоа значи дека повеќе нема да може да се извадите со изговорот дека не сте ја виделе поканата за настанот на кој не сакате да одите.
Претставник од социјалната мрежа изјавил:
„Ќе ја претставиме можноста за креаторите на настаните и гостите да дознаат дали поканетите пријатели го виделе настанот или не.“
Оваа алатка е корисна при планирањето на забави, односно определбата на кого во иднина ќе му се испраќаат покани.
Од друга страна, оваа опција и тоа како ќе им го загорчи животот на оние коишто досега барале изговори да не одат на некој настан кој наводно „не го виделе“.
Таков е случајот и овој пат.
На секој креатор на настан ќе му пристигнува известување за тоа дали пријателите што ги поканил ја виделе пока