Социјалната мрежа Фејсбук во последниве два месеци затворила преку 30 фејсбук профили и групи од Македонија кои што влијаеле на американската публика на политички теми.Според американскиот портал „BuzzFeed News“ страниците се затворени затоа што ги прекршиле правилата на Фејсбук. Дел од страниците и профилите се насочени на американската политики но некои заработувале на теми како кладење на коњи, мотоцикли, и други лукративни теми.
„Ние живееме од тоа. Сега немаме ништо“ , вели за американскиот медиум еден од Велешаните чии профили се затворени кој инсистира на анонимност за да не добие нови казни од Фејсбук.
Дел од Велешаните се жалат дека дале многу пари за промоција на страниците кои имаат и по 1,3 милиони членови и сега не можат да си ги вратат инвестициите. Дел од велешките хакери инвестирале околу 100 илјади долари за реклами на фејсбук и сега нема да можат да заработат ни долар.
Според портпарол на Фејсбук и тие што купуваат рекламен простор на социјалната мрежа мора да ги почитуваат правилата кои што забрануваат спамирање а кои се применуваат низ цел свет, не само во Македонија.
Во автоматската порака која што ја добиле дел од велешаните се вели „Вашата страница се укинува затоа што ги наведува луѓето без намера да стават лајк поради тоа што добиваат неточни информации“.Според американскиот портал „BuzzFeed News“ страниците се затворени затоа што ги прекршиле правилата на Фејсбук. Дел од страниците и пр