Фејсбук го тестира новото сандаче за известувања, кое би можело да содржи најмногу промени досега и да го измени начинот на кој корисниците досега ги добиваа информациите.На Твитер се појавија фотографии на кои се гледа дека сандачето за новости е поделено во неколку тематски групи, како што се свет, спорт и храна, но се уште е можно да се видат вестите и од почетната страница, каде што се собираат сите заедно, како и порано.
– Корисниците ни рекоа дека би сакале да гледаат повеќе вести од подрачјата кои ги интересираат, така што ја тестираме варијантата што ќе го овозможи тоа, изјавил претставник на Фејсбук за „Машабл“.
Со тоа социјалната мрежа сака да ги привлече корисниците чии вести се читаат на некои други социјални мрежи и страници, како на пример Твитер или Гугл Њуз. Исто така, ќе биде можно да се избришат категориите кои не ве интересираат и да се додадат некои нови кои би ги сакале место нив.
Не е познато кога новото сандаче со информации ќе биде достапно за сите корисници, но ако тестирањето се покаже успешно, Фејсбук сигурно нема долго да чекаат со неговата промоција.На Твитер се појавија фотографии на кои се гледа дека сандачето за новости е поделено во неколку тематски групи, како што се свет, спорт и храна, н