ФЕНГ ШУИ: Како да ја елиминирате НЕГАТИВНАТА енергија од домот!

Понекогаш, лошата енергија во домот едноставно ја чувствувате. Исцрпени сте или тешко ги пронаоѓате предметите во домот, тоа е знак дека е време за освежување.Треба да се има на ум дека се што се случува во просторот во кој живеете, на ваков или онаков начин се „впива“ во ѕидовите, предметите и мебелот. Така, со „енергетското чистење“ ќе се отстрани секое наталожено енергетско „ѓубре“, кое е последица на негативните емоции, настани, мисли и стрес. По чистењето, енергијата повторно е свежа, се поткрева, се просветлува и може слободно да кружи низ просторот.
Ова се некои брзи начини да си ги „прочистите домот“ од негативните влијанија:
Ослободете се од старите непотребни предмети* Постои верување дека старите предмети ја заробуваат застоената енергија, особено ако ги имате многу. Така, некои предмети од минатото можат сеуште да ја чуваат емоцијата што сте ја чувствувале кога сте ги користеле – тага, депресија, бес… Некои предмети можат да кријат и лоши спомени макар и не биле ваши, особено предметите кои му припаѓале на некој друг. Па, ако сакате да се ослободите од негативната енергија, отстранете ги таквите предмети од вашиот дом.
Запалете темјан* Стапчињата со мирис на темјан имаат смирувачко дејство. Запалете ги по бурната расправија во домот или било која непријатност – тие ќе ви помогнат да ја вратите рамнотежата. Стручњаците препорачуваат и стапчиња од сандаловина, која го има сличниот ефект.
Чистете редовно* Не дозволувајте прашината да се собира со денови. Симболичното пребришување или метење може да го реши проблемот. Метлата е има позитивно значење во Фенг шуи верувањето, затоа што има улога на предмет кој буквално ја елиминира негативната енергија.
Преместете го мебелот* Реорганизацијата на распоредот е добра за вашиот дом и помага во балансирањето на енергијата во просторот. Според правилата на Фенг-Шуи, мебелот мора да биде распореден на начин што овозможува што повеќе простор во кој енергијата би можела слободно да струи. Тоа ќе ги спречи злите духови и негативната енергија од тоа да се судрат со мебелот и да останат заробени во него. Слободниот простор и струењето (како и гласната музика) ќе овозможи брзо растерување на енергијата.

 

Отворете ги прозорите* Сетете се само колку убаво се чувствувате кога сте во природа. Воздухот ви помага да се чувствувате поубаво и посвежо, па затоа дајте му ја оваа „дива“ страна на вашиот простор. Надворешниот воздух буквално го прочистува вашиот дом на секој можен начин.
Користете убави зборови* Навиките не се менуваат преку ноќ, но пробајте постепено. Кога одите низ вашиот дом потрудете се да мислите само на убави работи и да изговарате пријатни зборови, наместо да ја истурате негативната енергија.
Пуштете позитивна музика* Според традиционалното кинеско верување, буката може да разбие одредени енергетски шеми. Позитивната духовна музика ја разбива и ја анулира негативната енергија. Таквата музика е добра и за нашиот простор, но и за нашата душа, бидејќи буди позитивни мисли и емоции. Пуштете гласна музика, пејте, играјте и ослободете се од лошите мисли.
Морска сол* Според некои традиционални верувања, морската сол е одлична за чистење на негативните вибрации. Ако чувствувате дека во вашиот дом се насобрала негативна енергија, посипете морска сол по аглите на домот и по дворот околу куќата. Исто така, можете да помешате сол и топла вода и со тоа да ги избришете подовите.
„Исперете“ го просторот* Чистењето со жалфија е вообичаено кај многу индијански народи. Тоа вклучува и палење на растението бидејќи се смета дека чадот е исклучиво корисен при прочистувањето на просторот и истерување на злите духови. Запалете лист од жалфија и одете по куќата за да може чадот да го ослободи просторот од негативната енергија.
Исчистете го влезот на домот* Важен чекор во освежувањето на енергијата во домот е и чистењето на екстериерот. Чистењето на дворот, балконот или терасата ќе ја отстрани заостанатата нечистотија, а со тоа и негативната енергија што ја содржи. Фрлањето на отпадот во контејнер исто така ќе помогне во елиминирањето на лошата енергијаТреба да се има на ум дека се што се случува во просторот во кој живеете, на ваков или онаков начин се „впива“ во ѕидовите, предметите

Пронајдете не на следниве мрежи: