ФЕНОМЕН: Американка донесе на свет пет девојчиња!

Даниел Базби од Тексас, САД, минатата недела на свет донесе пет девојченца.Петте женски бебиња родени во болницата во Тексас се првите во САД кои преживеале, а последниот ваков случај во светот е забележан во 1969 година во семејството Хансон во Лондон, коешто исто така доби пет девојченца.
Американската Даниел се породила со царски рез во 28 недела од бременоста, а моментално за здравјето на петорката се грижат пет медицински тимови во болницата во Хјустон.
Оливија Мери, Ава Лејн, Хазел Грејс, Паркер Кејт и Рајли Пејџ тежат од 900 до 1.100 грама, но и покрај тоа тие одлично напредуваат, како што велат од болницата.
Во САД минатата 2014 година се родиле 66 петорки на четири милиони новородени, што е голема реткост. Меѓутоа, раѓањето на петорките според статистичките податоци го сочинуваат само 0,0002 отсто од сите породувања во САД.
Особеноста на овој случај е во тоа што сите новороденчиња се девојченца.Петте женски бебиња родени во болницата во Тексас се првите во САД кои преживеале, а последниот ваков случај во светот е забележан во 1969 година в

Пронајдете не на следниве мрежи: