Кога Хана Џаркер дознала дека е бремена и дека носи близнаци, се нашалила дека нејзините деца, со оглед на тоа што таа е бела, а нејзиниот сопруг црн, ќе бидат со различни тенови. Тоа навистина се случило!Едната ќерка Анаја, се родила со бела кожа, а другата со црна, исто како нејзиниот 24 годишен татко Кајл Армстронг и се вика Мајла.
– Кајл е од мешан брак, а јас сум бела, па многумина се шегуваа на наша сметка. Пријателите не прашуваа, што ќе правиме ако и децата се родат со различни тенови. Тоа навистина се случи иако не очекувавме! Сега сите се загледуваат во нив на улица – кажува мајката Хана.
– Не можам да одам ниту во продавница, а да не ме застанат на улица. Бебињата се добри за сега, Мајла веќе лази, а Анаја уште не – наведува Хана.
Тие две се родени во април минатата година, а на родителите им било потребно некое време да сфатат дека децата се со различни тенови.
– И двете кога се родија беа розевки, како и сите бебиња, но ми изгледаше како едната да е малце потемна и мислев дека ќе личи на Кајл. По две недели, било јасно дека Мајла ќе биде како татко и, а Анаја како мене. Се шегував дека добивме по едно од двете раси! – кажува Хана.
Се случува да се родат близнаци со различни тенови од мешан брак, но тој феномен е многу редок.Едната ќерка Анаја, се родила со бела кожа, а другата со црна, исто како нејзиниот 24 годишен татко Кајл Армстронг и се вика Мајла.
– Кајл



