Електричарот Јаков Циперович се претворил во вистински „биоробот”. Неговата прва сопруга која била многу љубоморна, му ставила отров во виното во далечната 1979 година, по што завршил на реанимација кога имал 26 години.Јаков вели дека во болницата сѐ набљудувал од страна и дека бил на таванот во форма на светлосна дамка. Тој полетал од собата и се ротирал во некоја огромна спирала, која се полнела со неверојатен проток на информации. Јаков видел околу себе други светлосни супстанции и некакви субјекти за кои дознал дека се енергетски суштества кои живеат тука десетици илјади години.
Во клиничката смрт Јаков поминал еден час, додека нормално мозочните клетки во оваа состојба почнуваат да умираат во рок од 5-10 минути. Тој се вратил од „таму” по еднонеделната кома, но се претвори во сосема поинаков човек. Кога Циперович дошол при свест, тој не можел да се препознае себе си.
Главата му вриела од нови знаења стекнати од „никаде”. Фонтани од нови идеи во чудна поетска форма, минувале низ умот на Јаков и од тој момент во главата му се појавила неверојатна јасност.
Тој не бил истиот оној човек пред труењето. По будењето, Јаков требало да научи да го контролира своето тело кое било здраво, но самото се тело чувствувало сосема поинаку. Покрај тоа, му се појавила и несоницата. Така, овој човек нема спиено уште од 1979 година.
Обидувајќи се да ги утврди границите на своите можности, Циперович еднаш направил маратон за издржливост, но дури и по 10 илјади склекови заморот не му помогна за да му подари барем пет минути спиење.
Денес Циперович има 54 години и живее во Минск со втората сопруга Карина. Блиските одамна се навикнати со невообичаените способности на главата на семејството.
Делумно објаснување за „вечната младост” на Циперович е состојбата на неговиот организам, кој паднал во еден вид на состојба на летаргија. Температурата не му се крева над 34 °C, а само оваа година се зголемила за 1 °C.
Изгледа дека Јаков едноставно мора да живее во истражувачка лабораторија и да се следи внимателно од научниците. Сепак, лекарите не пројавиле интерес да му прават тестирања.
По сопствена иницијатива тој си прави истражувања, поминува серија на тестови со кои утврдил дека е целосно здрав. Да се поверува во постоењето на „биоробот” не е толку лесно.
Уште потешко е да се споделат неговите „вонземски знаења” за древните цивилизации и бескрајните можности на човечкото тело. Тој знае „дека античките Египќани, градејќи ги величествените пирамиди, комуницирале со вонземјаните.”
Колку долго ќе може да живее човек, чиј механизам на стареење е исклучен? Јаков засега не размислува за вечноста, но е сигурен дека со своите техники и вежби може да достигне да живее до 200 години.Јаков вели дека во болницата сѐ набљудувал од страна и дека бил на таванот во форма на светлосна дамка. Тој полетал од собата и се ротирал во некој



