Феномен: Таа има три билошки родители

„Луѓето ми велат дека ги имам цртите на лицето на мајка ми, а очите на татко ми“, вели тинејџерката Алана Саринен од Мичиген.Алана наследила и одредени физички карактеристики и од трето лице, донаторка  која  на нејзината мајка и отстапила јајце клетка со здрави митохондрии. Мајката на Алана Шерон десет години се обидувала да остане бремена додека докторите не утврдиле дека нејзините митохондрии, кои носат мал дел од генетскиот материјал, не се во ред. Тогаш била изведена процедура позната како цитоплазматичен трансфер и јадрото на јајце клетката на Шенон е префрлено во јајце клетката на донаторката. По оплодувањето, бебето било зачнато.
„Не би рекла дека донаторката е моја втора мајка, но дефинитивно повлеков нешто и од нејзе“, вели Алана, една од најмногу 50 луѓе кои се зачнати на ваков начин.

Овој метод на лечење на неплодноста во меѓувреме е забранета во САД, но сличен метод наскоро би можел да добие зелено светло во Британија. Иако многумина сметаат дека ваквите „генетски експерименти“ не се оправдани од етичка страна, Шерон Саринен вели дека е благодарна на докторите.
„Не би можела да посакам подобро дете од Алана. Одличен ученик е и има дарба за математика. Никогаш не била болна, доколку не ги сметаме кивавиците и грипот“, вели Шерон.Алана наследила и одредени физички карактеристики и од трето лице, донаторка  која  на нејзината мајка и отстапила јајце клетка со здрави

Пронајдете не на следниве мрежи: