Гужвата се намали, помина илинденското востание во Охрид. И ова година градот се препука со гости, како во старите добри времиња.Гужвата се намали, помина илинденското востание во Охрид. И ова година градот се препука со гости, како во старите добри времиња. Ојш в`чаршија немат место кај да седниш, убајни, кожата уште ми се ежит ко ќе помислам на прошлиот викенд. Колона кај Градиште се до Пешчани накај Коњско право за Охрид. Пешчанци давале вода на луѓето во колоната…одма афери, многу топла била водата, ама не е битно, исто ко во старите времиња се лазеше по пат од Трпејца до Охрид. Колите поставени кај што не ги берит, едно гранче сенка да имаше 3 коли ќе се набуфтаа на то место…ама никој ни пцуеше ни викаше, сите смирени и сложно си поминаа.. По плаживе све под сат, ептен организирано…порачвиш кафе, те викат другар, седвиш на друга маса, немат узбуна. келнерката точно знајт кај си…ко радар…за 2 минути ти го носит.. насмеана до уши. Абе кејфој сум целиот, дури на провокаци ептен културно им возвраќаа нашиве… Слушам еден гостин му велит на келнерот, “скапи сте, бавен си ова она…„ тој ептен мирно му се извинуваше и му донесе едно пиво безпари… овај му велит “топло е пивото„ ојде келнерот зеде мраз и му бапна в`чаша дури 5 коцки! По плаживе е чишто ко солза, ете се намали гужвата, ама ни пикавец немат…Холаѓанциве сигурно се чудет, ни таму не е олку под конец…
Повеќе на ohrigani.mkГужвата се намали, помина илинденското востание во Охрид. И ова година градот се препука со гости, како во старите доб