Феноменални пудинг топчиња

Вкусни и декоративни…Состојки:
2 кесички пудинг од чоколада
една жолчка
2 супени лажици рум
2 супени лажици вода
50гр шеќер во прав
50гр путер или маргарин
по избор кокос, мелени лешници, ореви
Подготовка:
Со жица за матење помешајте го шеќерот во прав со жолчката, румот и водата. Смесата варете ја на пареа. Тргнете од огин и во се уште топлата смеса додадете го путерот и пудингот во прав ( не треба да се вари пудингот). Добро промешајте ги состојките, ќе биде доста лепливо, но така треба, оставете ја смесата во ладилник еден до два часа. Потоа од ладната смеса обликувајте топчиња и влкајте ги во кокос, ореви или лешнициСостојки:
2 кесички пудинг од чоколада
една жолчка
2 супени лажици рум
2 супени лажици вода

Пронајдете не на следниве мрежи: