Ферари има доверба во Маса

Претседателот на Ферари, Лука Ди Монтесемоло изјави дека возачот Фелипе Маса ужива голема доверба кај сите членови на италијанската екипа, и покрај лошите резултати на бразилецот.
Ди Монтесемоло за време на посетата на Маса во седиштето на Ферари изјави дека е охрабрен со добрите стартови на Бразилецот на последните две трки и дека се надева дека наскоро ќе се реализираат резултатите кои ќе покажат дека бразилецот има голем талент.
„Маса има огромен талент, јас се надевам дека наскоро тоа ќе се докаже, задоволни сме и охрабрени сме од стартувањата на Маса на последните две трки“ изјави Де Монтесемоло.Претседателот на Ферари, Лука Ди Монтесемоло изјави дека возачот Фелипе Маса ужива голема доверба кај сите членови на

Пронајдете не на следниве мрежи: