Обвинителката од тимот на Катица Јанева, Фатиме Фетаи, денес на албански јазик го бранеше Бошковски за пазарењето со уставното име на нашата држава.Имено, со актерски перформанс по воведот на македонски јазик, Фетаи продолжи да говори на албански и испрати порака дека сите што го продаваат името ќе бидат заштитени од Јанева и Заев.
Воедно се поставува прашањето- како ќе завршат сите оние кои ги бранат името и државата?
Бошковски е обвинет за нелегално финансирање на предизборна кампања, при што ветувал промена на уставното име и идентитетот на Македонија. За овој случај, на интернет се појавија и снимки на кои Бошкоски зема пари за својата кампања. Бошковски сам признава дека парите кои ги добива од посредникот ќе ги користи за организирање предизборни митинзи и рекламирање во медиумите. Тој е осуден според цврсти докази и СЈО веројатно тоа многу добро го знае. Затоа драматичниот настап на Фетаи не може да ги побие доказите колку и таа да се обидува да го одбрани.
На снимките кои се појавија во февруари минатата година Бошкоски со извесно лице, грчки државјанин се пазари околу името и договара дека доколку добие пари и поддршка во кампањата, ќе глуми патриот и после ќе го реши. Соговорникот му пренесува дека грчката влада била воодушевена од него, а Бошкоски вели дека промена на името во Северна Македонија било оптимално решение и ќе го решел за два дена.Имено, со актерски перформанс по воведот на македонски јазик, Фетаи продолжи да говори на албански и испрати порака дека сите што го продаваат имет