Фетел победи на домашен терен

Германскиот светски шампион во Формула 1, Себастијан Фетел, беше победник на трката за Големата Награда за Германија, поточно трката во Нирбургринг.
Ова е прва победа на Фетел на домашен терен, а вкупно 30-та победа во неговата кариера.
Второто место го освои Кими Раиконен од тимот на Лотус, финецот прикажа одлична борба и за првата позиција но сепак неговата напорна работа на оваа трка не вреди со плод за победа, сепак второто место е и повеќе од одличен успех за него.
Третото место го освои Ромен Грожјан од Лотус, па така овој тим може да се каже дека имаше најуспешен циклус во Германија викендов.
Пласман на возачи…

Себастијан Фетел
Кими Раиконен
Ромен Грожјан

Генерален пласман на возачи…

Фетел (157)
Алонсо (123)
Раиконен (116)

Генерален пласман на конструктори…

Ред Бул (250)
Мерцедес (183)
Ферари (180)
Германскиот светски шампион во Формула 1, Себастијан Фетел, беше победник на трката за Големата Награда за Германија,

Пронајдете не на следниве мрежи: