Туристичката мрежа Фибула Група прослави 20 години постоење. На дводневниот собир во хотелот Изгрев во Струга, на кој што учествуваа претставници на националните канцеларии на Фибула Група од шест земји, како и партнерските тур-оператори од регионот, беа презентирани досегашните достигнувања на Фибула во унапредување на туризмот, од основањето до денес, како во Македонија, така и во регионот.Пред повеќе од петстотини гости, соработници, туристички работници и бизнис партнери беа презентирани можностите на македонскиот влезен туризам. За туристичките капацитети на земјата и перспективите, пред гостите говореше претставникот од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, Маја Глигоровска.
„Работиме заедно со македонските туристички агенции и тур оператори да ги промовираме потенцијалите во туризмот кои Република Македонија ги поседува. Бројот на странските тур-оператори и партнери на Македонија во туризмот секојдневно се зголемува, а ова е еден од начините за да се прошири зборот за Македонија и потенцијалните тур-оператори лично да се уверат во убавините што Македонија ги нуди како туристичка дестинација“, изјави Маја Глигоровска од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.
Најголемата туристичка мрежа на Балканот, која што ги вклучува Фибула Турција, Фибула Босна и Херцеговина, Фибула Македонија, Фибула Косово, Фибула Романија и Фибула Србија, за прославување на својот дводецениски јубилеј ја избра Македонија и хотелот Изгрев, кој во 2014 година беше комплетно реновиран во хотел со 5 ѕвезди, како целосна и самостојна инвестиција на Групата.
„Изминативе две децении, напорно работевме, континуирано вложувавме во капацитетите на нашите тимови и бевме иновативни во изнаоѓање решенија за да ги промовираме туристичките капацитети во земјите во кои што функционира Фибула Група. За одбележување на 20 години постоење ја избравме токму Македонија, заради значењето што го има за нашата мрежа, една од првите отворени канцеларии што придонесе за растење на мрежата, покажаниот нагорен тренд во туристичките потенција и вредната инвестиција што ја вложивме во реновирање на хотелот Изгрев. Цврсто веруваме дека овој успешен јубилеј е само мотив за сите национални канцеларии на туристичката мрежа да продолжат со веќе докажаните успеси и одличната работа“, изјави г-дин Ајхан Мавису, Генерален менаџер на Фибула Група.
Фибула е основана во 1995 година, со седиште во Анталија. Веќе во 1998 година, генералниот менаџер, г-дин Ајхан Мавису ја проширува мрежата на Фибула во земјите на Балканот, а од 1999 година вклучувајќи ја и Македонија. Работејќи како туристички оператор во земјите од регионот веќе 20 години, со повеќе од 150 вработени, Фибула во моментов е најголемата туристичка мрежа на Балканот.Пред повеќе од петстотини гости, соработници, туристички работници и бизнис партнери беа презентирани можностите на македонскиот влезен туризам. За