„Интересот за овие работни места е доста голем. Секојдневно пристигнуваат нови апликации и бројката на пријавени кандидати ќе биде објавена по завршување на огласот“, вели во интервју за Курир Директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Висар Фида.1. Имате објавено оглас за 9 промотери на многу атрактивни локации. Колкав е интересот до сега и кој е мотивот за да се пријават?
Интересот за овие работни места е доста голем. Во моментов не располагаме со точна бројка за пријавени кандидати од причина што еден кандидат може да се пријави за сите девет огласени позиции а тоа може да се види само откако ќе се затвори огласот. Секојдневно пристигнуваат нови апликации и бројката на пријавени кандидати ќе биде објавена по завршување на огласот. Очекуваме голем одзив, онаков каков што имавме на огласот во првата половина на 2013 кога пристигнаа над 300 апликации. Сепак тоа не е приоритет, приоритет се луѓе кои што се стручни и кои поседуваат способности за да можат да ги задоволат потребите на работното место. Предизвикот кој го претставува самата работа е голем мотив за оние кои се пријавуваат бидејќи промотерите се клучни во привлекувањето на странски инвестиции, промоција на извозот и генерално промоција на РМ како поволна дестинација за бизнис и туризам.
2. Што се бара од кандидатите да поседуваат за да бидат избрани за економски промотери?
Изборот на економски промотор се врши во неколку фази и покрај општите услови предвидени во Законот за работни односи и Законот за надворешни работи,треба да ги исполнуваат и посебните услови:завршено високо образование и работно искуство најмалку две години по стекнатото образование.Познавање на странски јазик за земјите од англиско говорно подрачје англиски јазик со ниво на познавање еквивалетно на ЦЕФР,ТОЕФЛ,ИЕЛТС(доколку кандидатот не располага со наведените сертификати во моментот на аплицирање истите може да ги обезбеди и да ги достави во периодот на селекција и избор на економски промотор пред донесувањето на конечната одлука за избор).За земјите од неанглиско говорно подрачје потребно е познавање на јазикот на земјата на упатување и познавање на англискиот јазик(потврда за тоа се горенаведените сертификати).Покрај овие услови за кандидатот за промотер потребно е соодветно познавање на економските услови на земјата во која се упатува,особено како предност се истакнува стекната диплома и завршено образование во таа земја,познавање на инвестициските можности на РМ и можност за успешно презентирање на истите пред странските компании,комуникативност и преговарачки вештини.
3. Колку промотерите придонесуваат за привлекување на странски инвестиции и дали до сега им конкретни резултати?
Согласно задолженијата на економските промотери,нивните активности се насочени кон контактирање компании во земјата на упатување.Дополнително,задолжени се за презентирање на инвестициските можности во РМ или извоз на производи од Македонија во релевантните индустриски сектори,како и утврдување и евалуирање на интересот на тие компании за работа во македонија или со македонски претпријатија. Од пред две години агенцијата работи и на промоција на секторот туризам ,во соработка со Агенција за поддршка и промоција на туризмот .Во овој дел економските промотери имаат обврска да ги промовираат туристичките потенцијали на Македонија како и привлекување на странски тур оператори за посети во земјата.
Целокупниот проект(инвестиција) зависи од повеќе фактори и не може да се гледа еднострано.Имено се работи за збир на активности –почнувајчи од пакет поволности кои Владата ги направи во делот на водење бизнис,преку маркетинг активности кои треба да ја пренесат пораката на потенцијалните инвеститори за атрактивноста на земјата.Тука се и бизнис форумите предводени од Претседателот на Владата,кој заедно со министрите и директорот на АСИПИРМ ги промовираат инвестициските потенцијали на земјата.Со економските промотери сње заокружува целиот концепт во делот на привлекување на странски инвеститори.Се работи за координирани и комплексни активности во кои се вклучени покрај промоторите и Агенцијата и останатите министерства и институции кои имаат допирни точки со промоција односно реализација на инвестицијата.
4. Што би им порачале на оние кои размислуваат да се пријават на огласот?
Исте оние кои се заинтересирани и кои бараат работа и повисока плата, доколку ги усполнуваат условите, би им препорачал да се пријават на огласот бидејќи истиот нуди еднакви можност за сите пријавени и како резултат на важноста на овие позиции само кандидати кои се со вистински квалификации и вештини ќе бидат избрани. Така, сите кои се спремни да се сочоат со предизвикот и да ги вложат своите вештини, знаења и енергија во промоција на Република македонија како земја атрактивна за странски инвестиции и со огромни извозни потенцијали можат да се прјават за да станат дел од нашиот тим.1. Имате објавено оглас за 9 промотери на многу атрактивни локации. Колкав е интересот до сега и кој е мотивот за да се пријават?