ФИЈАСКО: Каде се половина милион фантоми?

Loading...

Откако почна со половина милион фантоми, математиката на СДСМ доживеа класично фијаско. На изборите во декември ќе гласаат само 9.392 гласачи помалку во однос на изборите во 2014 година. Ваков заклучок изгласале членовите на ДИК на седницата по завршувањето на активната регистрација со која 30.000 граѓани беа отстранети од избирачкиот список.Во таква ситуација, обвинувањата на СДСМ за фантомски гласачи се покажа како уште едно обично алиби за бегање од изборите.
 

Сепак пресметката на ДИК е јасна. Какви математики и да прави СДСМ, нема дилема дека приказните за нивните фантомски гласачи се комплетно разобличени. Сега во СДСМ прават обид оние 170.000 гласачи кои се ставени на посебен извод во избирачкиот список да ги избројат како гласачи кои не се дел од списокот за така некако бројката да ја донесат до 1,6 милиони. Но фактите велат дека и овие гласачи, исто како и сите други на избирачкиот список без проблем можат да го остварат своето право на глас.
 
Последната состојба со избирачкиот список, ДИК на 30 август, еден ден пред лидерската средба им ја доставил на сите политички партии. Тоа значи дека со податоците биле запознаени луѓето во СДСМ, не нема информации, дали тоа го знаел и Дамјан Манчевски.

Нејасно е и кога и како ДИК потврдил дека во Македонија има едвај повеќе од 1,5 милиони гласачи, но знаејќи ги луѓето во СДСМ и нивните математички способности, воопшто и не зачудува начинот на кој Манчевски евентуално вршел броење на гласачите.
Веднаш по прес конференцијата кој Манчевски ја држеше со техничкиот заменик министер за земјоделство, Љупчо Николовски, во едно скопско кафуле, функционерот на СДСМ оствари средба со „независниот“ претседател на ДИК, Александар Чичаковски и членот на комисијата од СДСМ Игор Милев.

Дали тие му објаснуваа на Николовски дека на фантомската математика и дојде крајот или пак правеа стратегија како СДСМ да се извлече од ситуацијата останува да видиме во наредните денови.
 

За потсетување, СДСМ ги загуби последните избори со скоро 200.000 гласа разлика. Партијата тогаш имаше став дека изборната победа и била украдена бидејќи на изборите гласале фантоми. Сека, математиката на ДИК покажа дека на овие избори ќе имаме само нешто на 9.000 гласа помалку од оние на кои СДСМ доживеа класична катастрофа. Друг податок кој треба да се има предвид е фактот дека на последните изборни циклуси гласаат нешто над 1,1 милион глсачи, што значи дека над 600.000 воопшто и не излегуваат на гласање, од најразлични причини.И во таква ситуација, опозицијата 10 пати по ред губи на избори, а според последните анкети и разположението на гласачите на 11 декември ги чека, нов изборен пораз.Во таква ситуација, обвинувањата на СДСМ за фантомски гласачи се покажа како уште едно обично алиби за бегање од изборите.

loading...