Гордана Силјаноска прегазена, Филип Петровски убедливо води на сите анкети

Филип Петровски води убедливо пред Гордана Силјановска на анкетите… Имено две анкети беа направени на социјалните мрежи во последните два дена од лица блиски на „белата палата“. Првата беше избришана откако се утврди дека Филип Петровски ужива поддршка поголема од вкупната поддршка на сите останати кандидати заедно. Прво беше направен обид да се избрише само името на Филип Петровски, но по бројните реакции се избриша целата анкета… Се разбира скрин шотови се направени и сочувани и ни беа испратени.
Вака изгледаше избришаната анкета: 
Паралелно со ова на фан страната на ВМРО-ДПМНЕ беше направена друга анкета. На неа гласале над 1700 испитаници. Од нив огромни 62 проценти или над 1050 гласале за Филип Петровски, додека за Гордана Силјановска гласале околу 650 или 38 проценти. 
Филип Петровски го напиша по овој повод следново на неговиот профил: Анкетата заврши. Фала ви на сите за поддршката. Победивме за два дена два пати на анкетите кои се направени внатре од ДПМНЕ. Се гледа дека членството е на наша страна и дека не им е баш по мерка ГОГА СОРОС, учесникот во пленумите кои што го рушеа ВМРО. Од 1700 што гласале за мене се произнеле 1050, додека за ГОГА 650. Големо благодарам луѓе. Одиме на победа и да го симнеме злото наречено ЗАЕВ.
Втората анкета сега за сега не е избришана.
Повеќе за Филип Петровски ТУКА
Повеќе за Гордана Силјановска ТУКА

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.