Филип Сејмур Хофман американскиот филмски и театарски актер и режисер во неделата беше пронајден мртов во својот стан на Менхетен.Според американските медиуми Хофман починал од предозирање.
The New York Times и агенцијата Reuters, кои се повикуваат на полициски извори, пишуваат дека 46-годишниот Филип Сејмур Хофман бил пронајден со игла во раката и со пакетче за коешто се верува дека содржи хероин.
„Јасно е дека станува збор за предозирање”, рекол неименуваниот соговорник на весникот. Телото на покојникот го пронашол неговиот личен помошник во станот на четвртиот кат од заградата Пиквик Хаус во Гринич Вилиџ и веднаш ја повикал итната служба 911.
Карен Самфилипо агентката на актерот во име на семејството ја испрати до медиумите писмената изјава во којашто се вели „Скршени сме од загубата на нашиот Фил и ги цениме изразите на љубов и поддршка кои ги одбивме од сите страни. Ова е ненадејна и трагична загуба и ве молиме да ја почитувате нашата приватност”.
Многу актери и пријатели преку социјалните мрежи испраќаат пораки со сочувство. Меѓу другите се огласија Џим Кери, Стив Мартин, Албет Букс, Рики Гервис, Миа Фароу, Вупи Голдберг и Линдси Пирс.
Филип Хофман е роден на 23-ти јули 1967 година во Фејрпорт во американската сојузна држава Њујорк. Во 1989 година дипломирал на колеџот за уметност на Њујоршкиот универзитет. Истата година започнува да работи во разни театарски трупи, а во 1991 година почнува да снима за филм и телевизија, а се појавува и во гледаната серија „Закон и ред”. Беше во долгогодишна врска со модната креаторка Мими О’Донел со која син и две ќерки.
Според американските медиуми Хофман починал од предозирање.
The New York Times и агенцијата Reuters, кои се повикуваат на полициски извори,