Филип Петровски: Да се отворат сите досиеа на кодошите на УДБа и да се постираат на интернет

Обидот за поништување на ЛУСТРАЦИЈАТА е срамен чин. Овој процес на отстранување на лицата кои се стекнале со предност во животот кодошејќи други лица за жал во Македонија никако да се доведе на ниво кое е соодветно. На оваа тема сум работел поголемиот дел од мојот живот, бидејќи за жал уште во време кога бев студент УДБА ми отворила досие поради моите политички ставови за Македонија. Не сум љубител на држење на лекции на Фејсбук, оти тоа нема никаков ефект (проверено). Но за ЛУСТРАЦИЈАТА мора да го изнесам јавно и јасно мојот став. Тоа го сметам за обврска и должност кон жртвите од истата, од кои многу се починати без да доживеат правда, рехабилитација или сатисфакција.
Од друга страна џелатите и нивните поколенија сеуште во Македонија уживаат привилегии и се на високи државни позиции. Па сега им се посакало и да се поништи ефектот од лустрацијата, која признавам беше делумна. Не се лустрирани голем дел на кодоши, а некои од нив се и во врвот на мојата партија, сега, денес.
Луѓе кои преку соработка со тајната полиција напредувале мора да бидат надвор од системот или нема да има држава. Ете свесни сте каква држава денеска имаме. Ако може да се нарече ова што го имаме држава!
Наместо поништување на ЛУСТРАЦИЈАТА предлагам отворање на сите досиеја кои се чуваат во ДАРМ (ДРЖАВЕН АРХИВ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА). Да се објават онлајн и да бидат достапни за секој и во секое време. Се работи за над 600.000 страници материјал. Така ќе ја комплетираме ЛУСТРАЦИЈАТА. Ќе видиме кој бил и од СДС и од ДПНЕ и сличните, кодош. Народот наш има право да знае. А кодошите треба да се засрамат. Да наведнат глава и да не ги видиме повеќе во јавниот живот. Не треба затвори, казни. Јавната стигматизација за овие ѕверови, кои воглавном се занимавале со супресија на МАКЕДОНСКОТО РЕВОЛУЦИОНЕРНО ДЕЛО ќе биде доволна. Но, ова во некое утописко општество така? Бидејќи кодошите владеат со нас, со нашите судбини, домови, со нашата иднина…

Повеќе за ставовите на д-р Филип Петровски ТУКА
Сајтот на д-р Филип Петровски ТУКА
Биографија на д-р Филип Петровски ТУКА
Сите текстови на Филип Петровски на нашиот сајт ТУКА
Линкови до книгите, трудовите и публикациите на д-р Филип Петровски во Вашингтонската конгресна библиотека ТУКА

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.