Македонија повторно приреди еден неизвесен меч до самиот крај, иако можеше да биде далеку поинаку, но на крајот најважна е победата.По почетното вотство од 6:1 против БиХ, се доби впечаток дека Македонија ќе стигне лесно до победата, но не беше така. Серијата грешки и нервозата која на моменти беше присутна кај нашите ракометари го сторија своето, па на крајот победата беше со 25:22.
-Добро го отворивме мечот и мечот требаше во друг правец да оди. Требаше полесно да победиме. Но, важни се двата бода, а грешките да се корегираат. Сега влегуваме растоварени и ќе се бориме за подобар пласман во групата. Не требаше да има нервоза, особено откако отворивме со 6:1 водство, мислевме дека ќе биде како со Тунис. Но кога Босанците нѐ стигнаа се појави можеби мала несигурност, да речам и нервоза. Но еве покажавме и карактер и сега само треба да се одмориме. Турнирот е долг и ние уште не сме покажале максимум, вели Миркуловски.По почетното вотство од 6:1 против БиХ, се доби впечаток дека Македонија ќе стигне лесно до победата, но не беше така. Серијата грешки и нервозата