Сакам да и честитам на Мизрахи за нејзиното држење неделиве, како и за промовирањето на чист, јасен и принципиелен МАКЕДОНСКИ СТАВ. Таа, како Еврејка и истовремено Македонка најдобро знае што е прогон, егзодус и уништување. Ми се чини со се што ни се случи во минативе триесет години и ние, како народ, сме на патот кон Треблинка. Затоа пронаоѓам поврзаност и релација во нејзиното однесување кое е за секоја пофалба.
Таа ќе биде причината поради која десничарите, вмровците, конзервативците и радикалите ќе гласаат за Мицковски. Споено со мегааферата „Рекет“ Мизрахи ќе биде последниот клинец во ковчегот на СДСбезМ, како што некогаш ги нареков, а име што со однесувањето го потврдија и докажаа.
Едно ми е само нејасно, зошто не се зазеде вака тврда и оправдано радикална позиција пред да биде променет Уставот на Македонија, името и пред да се воведе двојазичноста? Со ваков пристап можеше сето тоа да се спречи. Народот беше подготвен и тогаш и сега. Но штета од несогледливи димензии е веќе нанесена. И сега ќе треба многу труд за истата да се надомести, поправи.
Не сакам да мислам дека ова се предизборни трикови, односно дека по изборите ова ќе биде само една мала епизода за освојување на власт…
Објавувањето на фотографијата ноќеска од Мицковски со наслов „Дисиденти“ го разбирам како негова идентификација со Мизрахи и нејзиниот став кон името на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Ако е така, тоа значи дека по изборите веднаш треба да почнат процедура на секаков можен начин за враќање на состојбата пред насилното преземање на Парламентот од страна на Таљат Џафери и неговите пајташи. И поништување без пардон на сите штетни одлуки по нашите национални интереси кои се донесени после тоа.
Повеќе за ставовите на д-р Филип Петровски ТУКА
Сајтот на д-р Филип Петровски ТУКА
Биографија на д-р Филип Петровски ТУКА
Сите текстови на Филип Петровски на нашиот сајт ТУКА
Линкови до книгите, трудовите и публикациите на д-р Филип Петровски во Вашингтонската конгресна библиотека ТУКА
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.